ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ

Воведување и промоција на платформата Моодле и други платформи за е-учење во основното, средното и високото образование во РМ,

преведување на платформата на македонски јазик и поддршка за образовните институцииво РМ,

Организирање на семинари и обуки за работа со Моодле во образованието во РМ,

Усовршување, развивање, прилагодување и истражување на Моодле во образованието во РМ,

Организација и учество на регионални, државни и меѓународни Моодле конференции,

Изготвување на прирачник за работа со Моодле,

учество на проекти на национална и интернационална основа на платформата Моодле,

соработка со образовни институции од земјата и странство, кои работат на иста или слична проблематика, односно Моодле, е-учење, ИКТ во наставата и сл.

Соработка со правни и физички лица, образовни институции, јавни установи, амбасади, фондации, меѓународни организации и др.

Издавање на печатени и електронски изданија од областа на образованието, педагогијата на деца во информатичкото образование,

Здружување на ентузијасти и професионалци,

следење на национални и интернационални препораки,

помош во брза дистрибуција и примена на нови сознанија,

одржување на јазични пакети за моодле,

инсталација, надградба и администрација на моодле платформа,

развој на специјализирани технолошки програми,

Организирање на обуки прилагодени за потребите за различните корисници на моодле и тоа: Автентифициран корисник, Учесник, Тренер со едитирање, Тренер без едитирање, Составувач на курс, Менаџер и Администратор.

Промовирање на моодле платформата кај бизнис секторот, презентации, воведување, прилагодување, поддршка и надградба на истата.

Основање на моодле партнер организација во РМ.

Последна промена: Friday, November 10 2017, 12:03 PM